Шасивари тврди дека Груби потпишува, дека во играта влегува сватот на Али Соравија, а на крајот се појавува Давор Мацура. Според него, спојот на потписите, милионите и семејните интереси отвора прашања кој ги носел одлуките, кој имал корист и каква била улогата на секој од вклучените.
Кон тврдењата Шасивари приложи одлука за давање согласност на одлуката за продажба на акциите на Стопанска банка АД Битола во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот. Документот е објавен во „Службен весник“ од 13 јуни 2023 година, број 123, на страница 3, а како потписник е наведен Артан Груби.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.