На средбата присуствувале и сопругата на амбасадорот, Елвира Прескер, економскиот советник во Амбасадата Горан Криж и соработничката за развојна соработка Шермин Коџаџику.
Проектот „Жените пчелари како двигатели на позитивни промени во Северна Македонија“ е финансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, а го спроведуваат АДРА Словенија и АДРА Македонија. Тој има цел да придонесе кон зајакнување на жените и младите во руралните средини, развој на органското пчеларство и создавање можности за економско јакнење и одржлив развој на руралните заедници.
Предвидени се обуки и поддршка за органско пчеларство, подготовка, продажба и маркетинг на мед и пчелни производи, како и активности за развој на женското претприемништво. Во проектот е предвидено и формирање медоносен пчелен парк за едукативни цели.
На средбата било истакнато значењето на меѓуинституционалната и меѓународната соработка за поддршка на руралниот развој, одржливото земјоделство и создавањето можности за жените и младите. Јанков изразил подготвеност за продолжување на соработката со словенечката амбасада и партнерите во проекти за одржлив локален и рурален развој и јакнење на локалната заедница.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.