Осумнаесеттата седница е закажана за 09.00 часот во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации. Предлогот за „Зафир Сајто“ се однесува на барањето на установата да ангажира 10 работници преку агенција за привремени вработувања, за период до една година.
На дневниот ред се и предлози за формирање паралелки со под 20 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година, прифаќање донација на движни ствари на ООУ „Бајрам Шабани“ и пренесување на правото на трајно користење движни ствари на ЈП „Чистота и зеленило“.
Советниците ќе разгледуваат и предлог за усвојување извештај-елаборат за проценетата висина на штетите од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Куманово во 2025 година. Последната точка е предлог за објавување јавен повик бр. 05-а/26 за пројавување интерес и пријавување кандидати за избор на еден член на Управниот одбор на ЈП за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.