По презентацијата се разговараше за можноста слични практики да се применат и во парковите во Црна Гора. Според НП „Шар Планина“, претставените искуства предизвикале голем интерес кај домаќините.
Претставниците на „Шар Планина“ ги пречека директорот на НП „Проклетије“, Един Мулиќ. На средбата разменија искуства и разговараа за координација на теренските активности и заедничките предизвици во зачувувањето на биодиверзитетот.
За одржливи механизми на соработка и идни заеднички иницијативи разговараа и со Маринела Ѓуретич, директорка на Јавната установа за управување со националните паркови на Црна Гора. Посетата имаше цел да ја зајакне регионалната соработка, која НП „Шар Планина“ ја смета за неопходна бидејќи еколошките предизвици не можат да се решаваат изолирано.
Тимовите на двете институции заедно посетија и неколку локалитети во НП „Проклетије“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.