На настанот присуствувале градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева, и директорката на ООУ „Тошо Арсов“, Виолета Арсовска.
Во 2026 година се одбележуваат десет години од „Текстилијада“ и десет години од основањето на „Гласен Текстилец“. Општина Штип оценува дека здружението во изминатата деценија значајно придонело за заштитата на работничките права, а долгогодишната соработка со општината е пример за институционална поддршка и партнерство со граѓанскиот сектор.
Според општината, преку отворен дијалог, размена на искуства и заеднички активности, Општина Штип и „Гласен Текстилец“ продолжуваат да придонесуваат за подобрување на условите за работниците и текстилниот сектор. Во објавата се наведува и дека муралот испраќа порака за значењето на работничките права, знаењето и иднината на младите.
„Текстилијада 10“ продолжува во наредните два дена со програмски активности посветени на работничките права, културата, образованието, младите и иднината на текстилниот сектор.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.