Во акцијата беше собран отпад во повеќе црни кеси. Целта на заедничкото чистење беше да се придонесе за почиста и поздрава животна средина, зачувување на природата и подигнување на еколошката свест.
Од училиштето повикаа грижата за околината да биде секојдневна: да не се фрлаат отпадоци на улиците, да се собираат пластика и хартија и да се одржуваат парковите чисти. Порачаа дека преку ваквите активности учениците учат, а возрасните даваат пример дека одговорноста кон природата започнува од секој поединец.
Апелот за чување на Канатларци го поврзаа и со секојдневниот живот на жителите: селото е местото каде што се произведува нивната храна, каде што растат, учат и живеат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.