Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Митровски тренира по повредата, вечерва одлука за настапот против Словенија

Фотографија од настанот · Фудбалска Федерација на Македонија
Фотографија од настанот · Фудбалска Федерација на Македонија
  • Митровски поради повредата го пропушти натпреварот во Глазгов, а сега повторно е во комбинација за тимот.
  • „Нам ни останува да дадеме максимум и да се обидеме да освоиме три бода“, порача Митровски.
  • Според него, Македонија одиграла добро во Шкотска, но немала среќа.

Димитар Митровски повторно тренира нормално по повредата, но вечерва ќе биде одлучено дали ќе настапи на утрешниот дуел на Македонија со Словенија, последен во групната фаза од годинешната Лига на нации.

Митровски поради повредата го пропушти натпреварот во Глазгов, а сега повторно е во комбинација за тимот. Тој вели дека се чувствува подобро, но неговиот настап сѐ уште не е потврден.

Словенија ја оцени како компактна селекција која одлично игра во транзиција и очекува противникот да оди на победа. „Нам ни останува да дадеме максимум и да се обидеме да освоиме три бода“, порача Митровски.

Повратникот во националниот тим Дарко Чурлинов изрази задоволство што повторно е со репрезентацијата и жалење што не можел да помогне на првите четири натпревари минатиот месец. Според него, Македонија одиграла добро во Шкотска, но немала среќа.

„Мораме уште подобро и ако го презентираме на теренот тоа што го бара селекторот од нас, резултатите сигурно ќе дојдат“, истакна Чурлинов.

Натпреварот со Словенија ќе се игра утре, понеделник, на арената „Тодор Проески“, со почеток во 20 часот и 45 минути.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.