Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Кирјас: Блокадите го направија членството во ЕУ непривлечно за многу граѓани во Македонија

Извор на фотографијата: Либерално-Демократска партија-ЛДП
Извор на фотографијата: Либерално-Демократска партија-ЛДП

Долгогодишните блокади и неисполнетите ветувања го направиле членството во ЕУ непривлечно за многу граѓани во Македонија, оцени претставникот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Емил Кирјас, на состанокот на европските либерали во Даблин. Тој побара европскиот проект повторно да стане привлечен преку еднакво почитување, без надменост и третман на второкласни граѓани.

Кирјас рече дека во Македонија веќе не се зборува само за формално членство во Унијата, туку и за градење држава според стандардите на земјите од Бенелукс, Данска, Ирска или Естонија. Според него, граѓаните сакаат просперитет, слобода на говор и правна држава, а европскиот проект треба да одговори на тие очекувања.

На состанокот на АЛДЕ, одржан за време на неформалниот самит на ЕУ, тој ги повика европските колеги да прифатат дека светот во 2026 година е поинаков и поконкурентен отколку во 2001 година. Покрај европскиот, посочи Кирјас, граѓаните денес ги гледаат и кинескиот, рускиот и турскиот модел, а во последно време и американски модел различен од европскиот.

За него, особено од либерална перспектива, европскиот модел на благосостојба, економски развој, слобода на говор, просперитет и гарантирање на правата останува најдоброто решение. Но, нагласи дека не може да се очекува граѓаните слепо да ги следат лидерите: тие ги следат вестите и самостојно проценуваат кој може да понуди решенија, да ги исполни ветувањата, да дејствува визионерски и да покаже моќ на светската сцена.

Кирјас ги обвини европските институции дека ја негираат глобалната реалност и оцени дека во регионот веќе не се доживуваат како морален авторитет. Според него, граѓаните сѐ повеќе ја препознаваат хипокризијата и недостигот од конкретни резултати, а времето на безусловно следење на европските лидери е минато.

Тој предупреди дека неуспехот повторно да се направат привлечни европската идеја и европскиот проект би создал огромен проблем и во односите со граѓаните и за иднината на континентот. Побара систем на заемна помош и еднакво почитување, наместо надредување и наметнување во кое еден одлучува и им суди на другите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.