Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Учениците од „Лазо Ангеловски“ први во мал фудбал 3х3 меѓу училиштата од Аеродром

Фотографија од настанот · ООУ Лазо Ангеловски — Аеродром
Фотографија од настанот · ООУ Лазо Ангеловски — Аеродром

Учениците од IV и V одделение од ООУ „Лазо Ангеловски“ го освоија првото место на турнирот во мал фудбал 3х3, во конкуренција на основните училишта од Општина Аеродром.

Во категоријата IV и V одделение, второто место го освои ООУ „Димитар Македонски“, а третото ООУ „Браќа Миладиновци“. Во категоријата II и III одделение победи ООУ „Димитар Македонски“, пред ООУ „Александар Македонски“ на второто и ООУ „Блаже Конески“ на третото место.

Турнирот се одржа во „KICK OFF ARENA“ во Џевахир Мол. Ментор на учениците беше Бошко Кентер.

Од училиштето ја пофалија борбеноста и тимскиот дух на учениците, оценувајќи дека нивниот успех е плод на труд, упорност и заедништво. Му се заблагодарија и на Кентер за мотивацијата и поддршката што им ја даваше на младите фудбалери.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.