Лисјата се собираа рачно и машински, со зголемен ангажман на вработените и користење на расположливата опрема. Особено внимание беше посветено на прометните улици и пешачките површини во централното градско подрачје.
Во есенскиот период, засилениот ветер за кратко време натрупува поголеми количества паднати лисја на јавните површини, што создава дополнителна потреба од расчистување.
Од „Плаваја“ посочуваат дека, покрај редовното одржување според Програмата за јавна чистота, имаат обврска навреме да реагираат кога временските услови бараат дополнителна работа. Тоа вклучува и ангажирање за викенди и празници, кога е неработен ден за вработените.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.