Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа кај нас

Фотографија од настанот · Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА
Фотографија од настанот · Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 30 членови на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ - За Наша Македонија, соопшти ЗНАМ.

Како дел од причините за заминувањето, ЗНАМ ги наведува состојбата во СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните. Партијата го оценува преминувањето како потврда дека сѐ повеќе граѓани ја препознаваат нејзината политика како автентична, принципиелна и посветена на нивните интереси.

Новите членови ги пречекаа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, и претседателот на општинската организација на ЗНАМ во Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ.

Од ЗНАМ порачаа дека остануваат отворени за нови членови кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.