Од почетокот на академската 2026/2027 година, подготовките се одвиваа паралелно по Структурно програмирање, Математика 1 и Алгоритми и податочни структури. Средбите опфатија предавања „Како да се совлада материјалот“ и практична работа во групи.
Во работата волонтерски се вклучија асистенти, демонстратори, тутори, поранешни и сегашни студенти, кои го споделуваа своето знаење и време со колегите.
Формирана е и ФОКУС Лаб – „international“, посебна група за интернационалните студенти запишани на ФИНКИ. Од ФОКУС Лаб го оценија одѕивот на студентите како одличен, а атмосферата на средбите како работна, со љубопитност, размена на знаења и колегијална поддршка.
Со пораката „НЕ СИ САМ/А!“, ФОКУС Лаб ги повика студентите да се придружат, да ги споделат предизвиците на студирањето, да учат со колегите и да запознаат нови пријатели. Нови активности се најавени по првиот колоквиум.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.