Мила е стара од четири до шест месеци и била пронајдена вчера. Денес била однесена на ветеринарен преглед, каде што ѝ биле направени и рендгенски снимки. Утврдена е тешка скршеница на левата надлактна коска на повеќе фрагменти, со странично поместување и скратување на нејзиниот долен дел.
Првиот слободен термин за операција е во вторник. Од „Анима Мунди“ предупредуваат дека секое одложување носи дополнителен ризик.
На кученцето му е потребен привремен дом во наредните шест до осум недели, со безбедни услови и грижа за закрепнување по операцијата. За привремено згрижување, заинтересираните можат да испратат приватна порака до „Анима Мунди“.
Донациите се собираат на платежната сметка „MK07-210-5018060170-53“, на име Биљана Стојанова. Во полето „Цел на дознака“ треба да се наведе „За Мила“.
Здружението повикува на донации без оглед на износот, а оние што не можат финансиски да помогнат ги замолува да го споделат апелот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.