Едукацијата ги опфати ризиците што употребата на психоактивни супстанции, алкохол и тутун ги носи по здравјето, личниот развој и квалитетот на животот. Младите имаа можност да се информираат за овие последици и за зависностите.
Целта е да се подигне свеста кај младите, да се поттикнат да прават правилен избор и да развиваат здрави животни навики. Со активноста се настојува и да се охрабрат да ги одбиваат зависностите и да изберат здрав живот.
Активноста е дел од одбележувањето на ноември како месец посветен на борбата против болестите на зависности. Црвениот крст на Република Северна Македонија, според календарот на традиционални активности, го одбележува месецот под мотото „Информирај се и донеси одлука!“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.