Дискусијата ја водеше стручната соработничка, педагогот Јасмина Андреева. Според училиштето, разговорот бил отворен и без осудување, а учениците активно се вклучувале со свои размислувања и прашања.
Меѓу пораките што училиштето ги издвојува се дека вејпот не е безопасна водена пареа и дека снусот не е безбеден само затоа што не создава чад. Во дискусијата било нагласено и дека никотинот создава зависност и негативно влијае врз здравјето, а по прекинот на употребата на никотински производи организмот почнува да се опоравува.
Покрај последиците од употребата, учениците разговараа за личната одговорност и влијанието на врсниците врз одлуките. Одбивањето цигари, вејп и снус беше издвоено како избор во корист на сопственото здравје и иднина. Целта беше да се поттикнат критичко размислување, свесни избори и здрави животни навики.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.