Според Општина Арачиново, сојузот треба да им овозможи на учениците да ги изразуваат своите мислења, да предлагаат идеи и активно да учествуваат во одлучувањето за училишниот живот. Општината го оцени неговото формирање како чекор кон зајакнување на гласот на учениците и развивање демократска култура уште во училишните клупи.
Иницијативата ја поздрави градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири. На конститутивната средба учествуваа директорот на училиштето Рахим Исмаили, помошник-директорот Азам Рамадани, училишната психологинка Адвије Реџепи и наставничката Едиса Хајдари Јусуф, кои, според Општината, придонеле за развивањето на иницијативата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.