Димовски положи свежо цвеќе пред споменикот и им оддаде почит на хероите. На негово барање, присуствуваа и претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците во Битола, Стефан Бошков, и директорката на НУ „Завод и музеј“ Битола, Маргарета Спасов. Домаќините го запознаа и со кратки биографии на неколкумина херои од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
Посетата продолжи во седиштето на битолската организација, каде што се изведуваат поправки по неодамнешна поплава. Според Сојузот, иако просториите во таа состојба не биле соодветни за прием, Димовски изразил желба да го види местото каде што во изминатите 79 години се состанувале народни херои, носители на партизански споменици и други борци и ги извршувале своите обврски како раководители и членови на здружението.
Во седиштето се чува и библиотека со историски книги за настани и личности од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, како и документи и признанија. Од Сојузот наведуваат дека Димовски покажал голем интерес за оваа збирка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.