Како најголем предизвик во анкетата е посочен недостигот од стручен кадар во општинските администрации. Центарот одржа работилница со претставници на општинските сектори за локален економски развој и за инвестиции, односно инфраструктура, на која беа претставени насоките за новата програма и наодите од завршното оценување на досегашната.
Рамката за периодот 2027-2031 беше претставена во делот воден од експертот Шенаси Мемиши. Таа става акцент на економскиот развој и малите и средните претпријатија, руралниот развој и туризмот, животната средина, енергијата и дигиталната трансформација.
За досегашната Програма за развој на Полошкиот плански регион 2021-2026, надворешниот експерт Виктор Стојановски ги презентираше главните резултати од завршното оценување. Учесниците дискутираа за степенот на реализација на планираните активности и го потврдија статусот на проектите по општини.
Центарот продолжува со подготовката на новата програма во соработка со општините и со поддршка од надворешни експерти.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.