Во воспитните групи, активностите беа посветени на разновидноста на овошјето и зеленчукот, нивните бои, вкусови и придобивки за организмот. Покрај подготовката на храна, беа вклучени разговори, игри, креативни работилници и презентации.
Од градинката објаснуваат дека преку непосредното учество настојуваат да ја поттикнат љубопитноста на децата и да развијат позитивен однос кон здравата храна. Преку овие активности децата учат за нејзината улога во правилниот раст и развој, како и за енергијата и доброто здравје.
Вклучувањето на родителите е дел од соработката меѓу градинката и семејството. Според градинката, заедничкото дејствување е важно за здравите навики да станат дел од секојдневието на детето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.