Со картичките децата им порачаа на вработените дека нивната секојдневна добрина и насмевка го разубавуваат училишниот ден, соопшти училиштето. Подарувањето беше дел од активностите посветени на тоа што значи да се биде добар човек.
Во училницата првачињата разговараа и дебатираа на оваа тема, а следеа и едукативна презентација. Боеја листови со убави пораки и создадоа симболичен „Гулаб на добрината“ и „Пошта на добрината“. Од училиштето ја издвојуваат пораката што ги поврзувала овие изработки: секое добро дело е чекор кон подобро другарство.
Училиштето сподели и видео во кое, според неговиот опис, првачињата раскажуваат што за нив значи добрина, како си помагаат меѓусебно и зошто секогаш има време за убав збор и насмевка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.