386 вести · 24 ч.
Берово 5°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Доделени наградите „13 Ноември“ за придонес во општествениот живот на Скопје

Фотографија од настанот · Сотир Лукровски
Фотографија од настанот · Сотир Лукровски

Традиционалните награди „13 Ноември“ беа доделени вечерва на свеченост во организација на Град Скопје, по повод Денот на ослободувањето на главниот град.

Наградите се највисокото признание што го доделува Град Скопје на истакнати поединци за особен придонес во различни општествени области. Свеченоста беше проследена и со културно-уметничка програма.

Годинешните награди „13 Ноември“ беа доделени за наука и публицистика, образование, култура, уметност, здравство, заштита на животната средина, спорт и хуманост.

Меѓу добитниците беше и Борче Треновски, кому му беше доделено признание за континуираниот творечки и професионален придонес во науката и за придонесот кон развојот на општествениот живот на Скопје.

На церемонијата присуствуваше и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски. Тој истакна дека со присуството им оддал почит на историското значење на датумот и на храброста и пожртвуваноста на борците кои ги положиле животите за слободата на Скопје.

Лукровски го опиша 13 Ноември како симбол на слободата, херојството и непокорот, со порака дека овие вредности треба да се чуваат и да им се пренесуваат на идните генерации.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.