Пешевска посочи дека во изминатите две години комисијата била насочена кон унапредување на системот за заштита на жените од насилство. Според неа, преку јавните расправи и првата надзорна расправа посветена на ова прашање биле отворени слабостите во институционалното постапување и биле предложени конкретни решенија за поефикасна заштита на жртвите.
Посебно внимание било посветено на фемицидите, за кои, како што наведе Пешевска, била организирана регионална конференција со поддршка на ОБСЕ. Целта била подобра координација, поголема одговорност и навремено постапување на институциите.
Таа нагласи дека покрај законите, клучна е нивната доследна примена, за што се потребни обучени професионалци, брза реакција и институции што ќе ја препознаат опасноста и ќе постапат навреме. Во таа насока, според Пешевска, МВР веќе реализирало 12 обуки за полициските службеници.
Како цел ја наведе изградбата на систем во кој секоја жена ќе биде заштитена, секоја жртва ќе добие поддршка, а секој облик на насилство ќе биде навремено препознаен и санкциониран, а не само донесување подобар закон.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.