Најважно
385 вести · 24 ч.
Берово 5°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Гевгелија ставена во функција обновената сала во Пионерскиот дом

Фотографија од настанот · Општина Гевгелија
Фотографија од настанот · Општина Гевгелија

Реконструираната и опремена конференциска сала во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“ во Гевгелија веќе е ставена во функција на локалната самоуправа. Обновувањето е еден од резултатите од прекуграничниот проект „Green for Good- G4G“ („Зелено за добро“), кој го реализираат партнери од Македонија и Грција.

Салата има површина од околу 200 квадратни метри и е наменета за работни состаноци, конференции, работилници, едукативни средби и други активности. Просторот служи и за институционална соработка и размена на искуства.

Во обновената сала Општина Гевгелија беше домаќин на работна средба на проектните партнери, на која беа претставени досегашните резултати. Осврт беше даден на инвестициите и мерките за енергетска ефикасност, користење обновливи извори на енергија, подобрување на инфраструктурата на јавните објекти и развој на одржливата мобилност во прекуграничниот регион.

Проектот опфаќа поставување фотоволтаични системи на јавни објекти и инсталирање полначи за електрични возила. Овие и другите интервенции се насочени кон примена на зелени технологии и одржливи енергетски решенија, поефикасно користење на енергијата и намалување на влијанието врз животната средина.

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, ја истакна поддршката од ЦИСС за вклучувањето на општината во проектот и најави дека преку вакви партнерства ќе продолжи реализацијата на проекти за граѓаните.

Според Општината, партнерството со институциите и организациите од Македонија и Грција овозможува размена на знаења и искуства и создава можности за заеднички иницијативи за развој на прекуграничниот регион.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.