Делегацијата им оддаде почит на паднатите борци пред споменикот на паднатите борци за ослободување на Скопје, а цвеќе положи и пред спомен-обележјето на генералот Михајло Апостолски.
Стојкоски порача дека борбата на ослободителите ја донела слободата, а обврска на сегашните генерации е да ја чуваат и да го негуваат сеќавањето. Тој ја нагласи и нивната обврска да им остават на идните генерации град во кој ќе живеат достоинствено и со гордост.
Стојкоски истакна дека Ѓорче Петров, како дел од Скопје, придонесува за неговата иднина со работа, заедништво и грижа за секој сограѓанин.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.