Најважно
385 вести · 24 ч.
Берово 5°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Цвеќе пред спомениците на Првиот скопски партизански одред за 13 Ноември

Извор на фотографијата: Општина Карпош
Извор на фотографијата: Општина Карпош
  • Со тоа им оддаде почит на борците што ги загубиле животите за слободата на градот.
  • Делегацијата присуствуваше на покана на Сојузот на борците од НОБ - СБМ Карпош.
  • Сојузот на борците му додели благодарница на Лукровски за досегашната соработка и поддршката.

Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, денеска положи свежо цвеќе пред спомениците на Првиот скопски партизански одред по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Со тоа им оддаде почит на борците што ги загубиле животите за слободата на градот.

Настанот што го организираше СБМ Карпош беше посветен и на јубилејот 50 години од постоењето на Општина Карпош, покрај 82-годишнината од ослободувањето на Скопје.

Делегацијата присуствуваше на покана на Сојузот на борците од НОБ – СБМ Карпош. Лукровски ги поздрави присутните и им го честита празникот, нагласувајќи ја важноста да се негува сеќавањето на паднатите борци и нивната жртва за слободата на Скопје и татковината.

Сојузот на борците му додели благодарница на Лукровски за досегашната соработка и поддршката.

Одбележувањето опфати и културно-уметничка програма посветена на слободата, херојството и историското наследство. Ученици од основните училишта настапија со драматизации и уметнички изведби, со порака за значењето на слободата и пожртвуваноста на борците.

Во програмата настапија ученици од шесто одделение од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, под менторство на наставничката Ана Страшевска. Пред споменикот на Првиот скопски партизански одред ја изведоа драматизацијата „Еден важен ден од ослободителната борба“.

Од Општина Карпош порачаа дека, покрај зачувувањето на сеќавањето на борците, обврска е и вредностите на слободата, солидарноста и заедништвото да им се пренесуваат на идните генерации.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.