Симпозиумот е насловен „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“. Првиот ден, на 17 ноември, ќе се одржи во Собранието, а на 18 ноември програмата ќе продолжи во „Порта Македонија“ во Скопје.
На собирот ќе учествуваат научници, историчари, правници и истражувачи. Преку научни излагања и дискусии ќе ги разгледуваат историските процеси поврзани со македонската државност, како и значењето на независноста и суверенитетот.
На 17 ноември во Собранието се одржа одбележувањето на јубилејот. Во третата сесија на симпозиумот Иванка Василевска претстави истражување за улогата на парламентарната дипломатија во развојот на евроинтегративниот процес, со посебен акцент на Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација. Во попладневната програма излагаа и нејзини колеги од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Според најавата на Државниот архив, целта е да се согледаат историските достигнувања, да се афирмира научната мисла и да се отворат нови перспективи за истражување на македонската државност и нејзиниот институционален развој.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.