„Вие изминатите неколку месеци работите во интерес на партијата. Граѓаните го гледаат тоа, го оценуваат и ќе го казнат, верувајте“, им порача Герасимовски на советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека до изборите има време, а сите советнички групи ги покани да учествуваат на претстојните буџетски форуми. На нив, според неговиот повик, заедно треба да ги утврдат приоритетите за програмата и буџетот на Општината.
Герасимовски потсети дека во изминатите четири години Советот едногласно поддржувал проекти од интерес на центарци и оцени дека таа соработка дала резултати. Нагласи дека заслугата за заедничките проекти им припаѓа на сите што придонеле за нив и изрази подготвеност со сите советнички групи да излезе пред граѓаните и да го претстави сработеното за Центар.
На советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача да не дозволи нејзината работа да се користи за туѓи интереси и лични суети, повикувајќи на работа во интерес на граѓаните, наместо на политичките партии.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.