Објаснувајќи ја акционерската структура во Адико банка, Манасиевски наведе дека Алта банка поседува 9,63% од акциите, додека Дипломат пеј купила удел од 9,99%.
Според неговото објаснување, во август 2024 година биле суспендирани гласачките права на Алта пеј и Дипломат пеј во Адико банка. Тој рече дека регулаторот утврдил оти двете компании дејствувале заеднички како поврзани лица и стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да ги известат надлежните австриски и европски финансиски регулатори. Известувањето, како што наведе, е законска обврска при надминување на прагот од 10%.
Манасиевски додаде дека Дипломат пеј во декември 2024 година ги продала своите акции на австриски инвеститор. Потоа, во февруари 2025 година, според него, била укината суспензијата на гласачките права на Алта пеј во Адико банка, со констатација дека повеќе нема заедничко дејствување меѓу двете фирми.
Тој оцени дека банка со забрана за работа од ЕУ не би можела да влезе во Македонија и дека затоа немало можност да се забрани влезот на Алта банка. Манасиевски наведе и дека Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура.
Во критиките кон Филипче и СДС, Манасиевски ги вклучи и нивните тврдења за мигрантите, ИПАРД-програмата, пензиите, извештајот на Томас Вајц и водата во Скопје, обвинувајќи ги дека и за тие теми изнесувале невистини.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.