Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата дејствува деструктивно во насока на рушење на Алта банка и губење на парите на илјадници граѓани. Партијата го оцени дејствувањето на Филипче како антидржавно.
Од Извршниот комитет изразија уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, го информираше комитетот и за средбата со раководството на ВРЕДИ. Според неговото излагање, на средбата се разговарало за принципите на коалицијата и за идните енергетски предизвици, додека дискусијата за кадровските решенија ќе продолжи во наредниот период.
На седницата се разгледуваа и актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.
Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на своите координатори, кои ќе ги посетуваат општинските и месните комитети на партијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.