Мизрахи, која е и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше за односите меѓу власта и опозицијата во вчерашното гостување во емисијата „Интервал“ на телевизија 24. Таа оцени дека конструктивната опозиција е неопходна за квалитетно функционирање на власта.
Како пример за последиците од неслушањето на политичкиот опонент, таа го посочи СДС во претходните два мандати. Според Мизрахи, партијата немало да направи некои од најкрупните грешки доколку ги слушала аргументите и забелешките на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и размислувала за нив.
Таа нагласи дека дебатата може да опфаќа различни ставови и одбрана на партиските наративи, но дека во дијалогот мора да остане простор да се размисли и за кажаното од опонентот, наместо да се настапува само од позиција на моќ.
Мизрахи рече дека внимателно ја слуша сегашната опозиција, како што ја слушала и власта додека ВМРО-ДПМНЕ била во опозиција. „Сметам дека за дебата треба да се слушаат аргументите од двете страни“, истакна таа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.