Фотографија од настанот · Гордана Сиљановска-Давкова
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествуваше во Даблин на деветтиот состанок на Европската политичка заедница, како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во фокусот на состанокот беа европската конкурентност, иновациите, поврзаноста, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.
Состанокот беше посветен на темата „Европа: силна, безбедна и поврзана“. Муцунски оцени дека конкурентноста сѐ повеќе зависи од способноста знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето да се поврзат и да придонесат за одржлив раст и развој.
Тој оцени и дека Западниот Балкан е составен дел од европската економска и безбедносна архитектура, а неговата подлабока интеграција е важна за посилна, поконкурентна и побезбедна Европа.
Во услови на геополитички и економски предизвици, Муцунски ги посочи поврзаноста, енергетската сигурност и заедничкото дејствување како клучни за долгорочната стабилност на континентот.
·
Редакциска обработка
Оваа содржина може да биде делумно или целосно подготвена и уредена со помош на вештачка интелигенција и може да содржи грешки или неточности.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.