Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Штип промовирани две книги за деца од Стефан и Сара Петковски

Фотографија од настанот · НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип
Фотографија од настанот · НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип

Во библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип беа промовирани две книги за деца од братот и сестрата Стефан и Сара Петковски, ученици во ООУ „Никола Карев“ од Пробиштип. Стефан е деветтоодделенец и ја промовираше четвртата книга, „Седмиот самурај 2“, а седмоодделенката Сара ја претстави својата трета книга, „2076. Загадочната соба“.

Промоцијата се одржа во салата на библиотеката по повод Месецот на книгата. За двете книги осврт даде промоторката Марија Ристова, а ученици од ООУ „Гоце Делчев“ драматизираа делови од нив. Модератор на настанот беше Ване Дериволов.

Библиотеката ја истакнува поддршката за младите автори како своја цел и се надева дека нивниот пример ќе охрабри и други да ги направат првите чекори во литературното творештво.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.