Де ла Есприела го опиша Москера како еден од десетте приоритетни цели на колумбиските безбедносни сили. Претседателот рече дека Москера бил осомничен за наредување напади врз безбедносните сили, меѓу кои и убиство на полицаец во општината Тараса минатата година.
Кланот од Заливот со децении се занимава со криминални активности, главно со трговија со кокаин од Колумбија кон САД и Европа, но и со нелегално рударство и шверцување луѓе. САД го ставиле на листата на странски терористички организации минатата година.
Претседателот порача дека офанзивата нема да запре и вети дека ќе ја врати контролата врз областите што ги контролираат криминални организации, меѓу кои и Кланот од Заливот. Де ла Есприела беше избран во јуни, откако во кампањата вети борба против моќните криминални банди, вклучително и со воздушни напади.
Офанзивата ја поздравиле многумина што живеат во области каде што се чести изнудата и насилството од банди. Претседателот, сепак, се соочил со критики за начинот на кој објавува информации за безбедносни операции. Помалку од еден месец по преземањето на функцијата објавил видео на кое минува покрај 23 вреќи со посмртни останки на луѓе загинати во воздушен напад врз камп за кој постоело сомнение дека го користат герилци. Во средата споделил фотографија на која пишува кампањски слоган на бомба.
Де ла Есприела ја бранел и одлуката да носи воена униформа на неодамнешен настан во Кукута, каде што се соочил со приведен маж осомничен дека е припадник на ФАРК. На снимката го прашува мажот што мисли за бомбата што му ја испратил и ја потпишал. Подоцна им рекол на новинарите дека ја носел униформата бидејќи се смета за војник на татковината и сакал да им оддаде почит на хероите, полицајците и војниците.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.