Според Снопче, опозициските пратеници имаат гарантирано право во тие два часа да ѝ поставуваат прашања на Владата. Кога ќе се побара пауза, поставувањето прашања се прекинува. Но потоа, како што објаснува, времето поминато во паузи се користи како образложение дека двата часа веќе истекле.
Тој го оценува ваквото толкување на собранискиот Деловник како апсурдно и како загрижувачки преседан за парламентарната демократија. Состојбата ја нарекува „политичка шизофренија“, посочувајќи дека времето поминато во паузи се користи за да се оневозможи токму правото што им е гарантирано на пратениците.
Снопче наведува и дека координаторот на ВМРО го прекинал додека зборувал од место, поради што не успеал да го доврши излагањето.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.