Завршната сесија се одржа во тренинг-центарот на Правниот факултет при УГД. Програмата е акредитирана во рамки на факултетот, а во текот на двата месеца комбинирала онлајн сесии и предавања со физичко присуство. Последните предавања ги опфатиле класифицираните информации, надзорот во безбедносниот сектор и човековите права.
Проф. д-р Борка Тушевска ја опиша програмата како хибридна и рече дека предавањата ги држеле професори, теоретичари и експерти од практиката со долгогодишно искуство во областа.
На завршната сесија учесниците добија сертификати за стекнатите компетенции, а обучувачите признанија за придонесот. Тушевска ја истакна важноста на доживотното учење како законска категорија што носи практични бенефиции. Таа најави дека УГД и понатаму ќе отвора можности за микроквалификации.
Според Тушевска, програмата им помогнала на студентите и на претставниците на медиумите и невладиниот сектор да ги прошират знаењата и компетенциите во оваа област.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.