Најважно
354 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

УЈП и Општина Крушево одржаа средба за даноците во туризмот

Гледај на YouTube

На 12 ноември во Крушево се одржа едукативна средба на УЈП и Општина Крушево за даночните обврски во туристичкиот сектор. На средбата учествуваа сопственици на сместувачки капацитети, угостители и други претставници од секторот.

Средбата беше организирана во соработка со Општина Крушево и е дел од кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Целта на кампањата е граѓаните и туристичките работници да се информираат за даночните обврски и да добијат практични насоки за нивно правилно и навремено исполнување.

Разговорите опфатија пријавување и оданочување приходи од туристички активности, краткорочно издавање недвижен имот и даночни обврски при ангажирање сезонски работници. Претставниците на УЈП ги појаснија обврските на физичките лица што остваруваат доход од закуп и подзакуп, вклучително и од краткорочно издавање сместување преку домашни и странски интернет-платформи за огласување, резервации и посредување при изнајмување, како „Booking.com“, „Airbnb“, „Kayak“ и „Tripadvisor“. Остварениот доход треба да се пријави без оглед дали сместувањето се издава повремено или во текот на целата година.

Преку практични примери, присутните се запознаа со електронското пријавување преку системот е-Даночни услуги, пресметувањето и плаќањето данок на личен доход и користењето на калкулаторот на УЈП за утврдување на даночната обврска и признатите трошоци. Тие имаа можност да постават прашања и да добијат појаснувања од стручните лица на Управата.

УЈП има подготвено видео туторијал за пријавување и плаќање данок на доход од закуп и подзакуп, брошура за кампањата, одговори на често поставувани прашања и калкулатор за пресметка на данок.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.