Во Слубице делегацијата го посети Заедничкиот контакт-центар на германската и полската полиција, каде се запозна со моделот на прекугранична соработка, брзата размена на информации и оперативната координација. Во Франкфурт на Одра биле презентирани организацијата на граничната контрола, оперативните процедури и примената на технологии, меѓу кои и беспилотни летала за надзор на границата.
Во единицата на Федералната полиција во близина на аеродромот во Хамбург биле презентирани електронските порти („E-gates“), системите за заштита на аеродромската инфраструктура и специјализираната опрема и процедури за справување со безбедносни закани.
Во Хановер делегацијата се сретна со претставници на Федералната полиција задолжени за истраги поврзани со криминал, криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Преку анализа на конкретни случаи биле разменети искуства за истражните методи, откривањето криминални мрежи и можностите за унапредување на заедничкото оперативно дејствување.
Јанев ѝ се заблагодари на Амбасадата на Германија во Скопје и на германската влада за поддршката и придонесот во реализацијата на посетата. Тој ја истакна важноста на развојот на долгорочно оперативно партнерство преку размена на информации, заеднички обуки, истражни активности и унапредување на професионалните стандарди.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.