363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Министерот Ѓоко Велковски се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ Килијан Вал

Фотографија објавена на јавниот профил на Ѓоко Велковски
Фотографија објавена на јавниот профил на Ѓоко Велковски

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски вчера се сретна со Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по повод завршувањето на неговиот мандат. На средбата ги сумирале досегашните резултати и соработката со министерството.

Соработката опфаќала инклузија на Ромите, унапредување на младинските политики, превенција од насилство, родова еднаквост, заштита од семејно и родово базирано насилство и борба против дискриминацијата.

Велковски ја оцени поддршката на ОБСЕ како значајна за подготовката и спроведувањето на стратешките документи, јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на соработката меѓу институциите. Како крајна цел ги наведе поефикасните политики и подобрите услуги за граѓаните.

Велковски изрази уверување дека воспоставеното партнерство, заедничката работа и постигнатите резултати ќе бидат основа за продолжување и унапредување на соработката.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.