Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Крмов побара објаснување за законските овластувања на Мицкоски во случајот со Алта банка

Гледај на Facebook

Пратеникот на Левица Борислав Крмов побара објаснување врз кои законски овластувања се заснова вклучувањето на премиерот Христијан Мицкоски во прашања поврзани со Алта банка. Тоа го побара на вчерашната надзорна расправа во Собранието.

Крмов ги посочи консултациите на Мицкоски со гувернерот пред влезот на банката на македонскиот пазар, јавните изјави за нејзина продажба и разговорите со други банки. Тој праша зошто премиерот се вклучува во прашања што, според него, се во надлежност на регулаторните и другите надлежни органи.

Крмов ја проблематизираше улогата на Мицкоски во банкарскиот сектор и оцени дека институциите изгледаат непотребни. „Очигледно во оваа држава веќе не ни требаат институции. Доволни сте само вие“, рече тој.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.