Најважно
353 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици од скопско училиште учествуваа во работилница за драмата „Бегалка“

Извор на фотографијата: Основно училиште Војдан Чернодрински-Скопје
Извор на фотографијата: Основно училиште Војдан Чернодрински-Скопје

Учениците од VIII-в одделение на ООУ „Војдан Чернодрински“ во Скопје учествуваа во работилница за драмата „Бегалка“ од Васил Иљоски. Работилницата се одржа на 10 ноември, во рамките на училишниот библиотечен проект „ЧИТАЈ! МИСЛИ! РАСКАЖУВАЈ!“

Учениците читале креативно, размислувале критички, ги анализирале ликовите и општествените мотиви во делото и раскажувале инспирирани од драмата.

Во работилницата соработувале наставничката Јадранка Симитковска и училишната психологинка Наталија Наумовска-Велковска. Како цели на активноста биле наведени негување на македонскиот јазик и традиција, развој на емпатијата и критичката мисла, како и интерес за македонската книжевност.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.