Средбата се одржа на маргините на конференцијата на ОН за климатски промени „COP31“. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија.
Во разговорот беше нагласено дека кредибилноста на проширувањето зависи од јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива треба да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова оцени дека проширувањето има и безбедносно значење, особено во услови на геополитички тензии што го загрозуваат мирот во Европа.
Двајцата претседатели ги посочија можностите за продлабочување на соработката во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. Официјалната средба треба да биде конкретен чекор кон поинтензивен политички дијалог на највисоко ниво.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.