Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонија до 19 години освои бод против Северна Ирска во квалификациите за ЕП

Архивска фотографија · Извор: ffm.mk
Архивска фотографија · Извор: ffm.mk

Репрезентацијата на Македонија до 19 години освои бод во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство, играјќи без голови со Северна Ирска во Турново.

Најсериозната шанса ја имаа фудбалерите на Северна Ирска: во 84. минута Калум Томпсон ја погоди пречката од голот на Александар Трајков.

Македонија имаше можност за гол во првото полувреме, кога Дитмир Хоџа не ја зафати најдобро топката по корнер. Во продолжението обиди имаа и Мухамед Куртиши и Иван Танчев.

Следниот натпревар на Македонија е в сабота, повторно во Турново, против Швајцарија. Почетокот е закажан за 13 часот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.