Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Нина Кепеска истражуваше одржлив туризам во Охрид на Универзитетот во Дубровник

Фотографија објавена на јавниот профил на Факултет за туризам и угостителство - Охрид
Фотографија објавена на јавниот профил на Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Докторандката по туризам Нина Кепеска во октомври реализираше двонеделно истражување на Универзитетот во Дубровник. Истражувањето е поврзано со нејзиниот докторски труд за управување со одговорниот туризам како предуслов за одржлив туризам во Охрид.

Во соработка со коменторката Ана Портолан, професорка на Економскиот факултет на Универзитетот во Дубровник, Кепеска ги разработи методологијата за истражувањето, емпириските показатели за мерење на одговорниот и одржливиот туризам и примената на европските туристички индикатори.

Престојот бил реализиран преку програмата Еразмус+ и соработката меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот во Дубровник. Кепеска остварила средби со претставници на градски институции и организации, туристичкиот сектор, музеи, жители и туристи во Дубровник.

Факултетот наведува дека целта е дел од стекнатите сознанија и идеи да најдат примена во туризмот во Охрид.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.