363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Сиљановска-Давкова на 11 ноември ќе учествува на Лидерскиот самит на „COP31“ во Анталија

Архивска фотографија · Извор: pretsedatel.mk
Архивска фотографија · Извор: pretsedatel.mk

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 11 ноември ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните за климатски промени („COP31“), во Анталија, Турција.

Предвидено е таа да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата.

Најавени се и билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во македонската делегација се министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.