Прегледите ги сумираат искуствата и коментарите од заедниците на „Reddit“, вклучувајќи што им се допаѓа или не им се допаѓа на корисниците и какви компромиси треба да земат предвид купувачите. Приказот визуелно ги дели коментарите на позитивни, негативни или мешани.
Корисниците можат да пребаруваат производ или категорија, да ги филтрираат коментарите по тема и да отворат изворна дискусија за дополнителни прашања и совети. Можат и да се вратат на целата категорија за да ги споредат производите за кои се разговарало.
Според „TechCrunch“, „Reddit“ ја тестирал функцијата од февруари во САД, првично за категории како електроника, видеоигри и производи за здравје и убавина. Во септември тестирањето било проширено и на производи за дом и градина, како и мода и облека. Компанијата планира постепено да додаде категории и да ја прошири функцијата надвор од САД.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.