Конференцијата ќе се занимава со јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, предизвиците на дигиталната ера и обезбедувањето ефективна уставна заштита. Предвидени се три тематски сесии со учество на претседатели и судии на уставни судови, претставници на европски и меѓународни институции и универзитетски професори.
На средбата е предвидено да се разгледа и усвои заеднички документ за довербата во уставните судови. Документот треба да се осврне на нивната независност, транспарентност и ефикасност, како и на пристапот на граѓаните до уставната правда.
Форумот е платформа за соработка, професионален дијалог и размена на искуства меѓу уставните судови во регионот. Членки се судовите од Албанија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Косово и Турција; како набљудувачи учествуваат и институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.