На денешната прес-конференција, Филипче рече дека предложениот лимит за набавки без тендер би се зголемил од пет на десет илјади евра за градежни работи и од илјада на две илјади евра за стоки. Тој оцени дека промените би овозможиле трошење јавни пари без соодветна контрола.
Филипче предупреди и дека би се укинала обврската за согласност од Бирото за јавни набавки при преговарање без објавување оглас. Според него, тоа би отворило можност за договори во четири очи без соодветна контрола.
Според Филипче, надоместокот за поднесување жалба би се зголемил од пет до 200 евра на 150 до 600 евра. Тој предупреди дека повисоките трошоци би ги обесхрабриле помалите компании да реагираат на неправилности.
Филипче рече дека измените предвидуваат наплата за пристап до јавни податоци, кој претходно бил бесплатен. СДСМ ги поднело амандманите за да го спречи донесувањето на измените, а Филипче тврди дека власта се обидува да го избегне блокирањето со повлекување дел од одредбите за мандатите на членовите во комисиите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.