363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Муцунски ја отвори првата резидентна македонска амбасада во Вилнус

Фотографија од настанот · Тимчо Муцунски
Фотографија од настанот · Тимчо Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ја отвори првата резидентна македонска амбасада во Вилнус, за време на работната посета на Литванија. Тој се сретна и со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис.

На средбата разговарале за политичкиот дијалог, економската соработка, евроинтеграциите, безбедносните предизвици и соработката во рамките на евроатлантското сојузништво.

Посебен фокус биле европската интеграција, надминувањето на пречките и динамизирањето на пристапниот процес. Муцунски ѝ се заблагодари на Литванија за континуираната и принципиелна поддршка за членството на Македонија во Европската Унија. Тој ја потврди посветеноста на Владата на реформската агенда и на изнаоѓање заемно прифатливо решение во билатералниот дијалог со источниот сосед, засновано на европските вредности и принципи.

Муцунски изрази благодарност и за солидарноста по пожарот во Кочани, кога четворица од најтешко повредените пациенти биле примени на лекување во Вилнус и Каунас.

Тој оцени дека новото дипломатско присуство ќе отвори можности за економско, образовно, културно и технолошко поврзување. Како можни области за продлабочување ги посочи трговијата и инвестициите, поврзувањето на студентите, академската заедница и уметниците, како и соработката во иновациите и дигиталната трансформација.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.