На средбата била истакната досегашната соработка со Организацијата и нејзината поддршка за зајакнување на капацитетите на националните институции за одржливо управување со миграциските операции.
Димитровски рече дека ефикасното управување со миграцијата по Балканската рута останува приоритет на Владата. Тој ги посочи безбедноста на границите, спречувањето нелегални преминувања и намалувањето на ризиците за животот и здравјето на мигрантите како области на посебен фокус.
Димитровски оцени дека Глобалниот компакт за безбедна, уредна и легална миграција поттикнал изработка на национални стратегии, меѓу кои ги наведе Резолуцијата за миграциска политика за периодот 2021–2025 и Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција.
Учесниците се согласија дека прекуграничната соработка, механизмите за реадмисија и споделената одговорност се важни за заедничкото справување со миграциските предизвици.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.