На церемонијата присуствувала делегација од околу 30 луѓе од Нагаланд, планинска сојузна држава во североисточна Индија. Поголемиот дел од вратените останки се черепи.
Планот е останките да бидат погребани под заеднички споменик во парк во Нагаланд. Лидерите на Нага велат дека ќе им биде обезбеден достоинствен покој.
Музејот Пит Риверс со децении ги изложувал останките, пред да ги повлече од јавноста во 2020 година. Музејот чува повеќе од 6.000 предмети поврзани со културата на Нага, а на неговата веб-страница 219 предмети се заведени како човечки останки.
Делегација на Нага формално го побарала враќањето при посетата на Оксфорд во 2025 година. Музејот во септември најавил дека останките ќе бидат вратени во Индија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.